Nutritional value per 100 g (3.5 oz)
Energy255 kJ (61 kcal)
Carbohydrates14.15 g
Sugars3.9 g
Dietary fiber1.8 g
Fat0.3 g
Protein1.5 g
Vitamins
Vitamin A equiv.83 µg (10%)
Thiamine (B1)0.06 mg (5%)
Riboflavin (B2)0.03 mg (3%)
Niacin (B3)0.4 mg (3%)
Pantothenic acid (B5)0.14 mg (3%)
Vitamin B60.233 mg (18%)
Folate (B9)64 µg (16%)
Vitamin C12 mg (14%)
Vitamin E0.92 mg (6%)
Vitamin K 47 μg (45%)
Trace metals
Calcium59 mg (6%)
Iron 2.1 mg (16%)
Magnesium28 mg (8%)
Manganese0.481 mg (23%)
Phosphorus35 mg (5%)
Potassium180 mg (4%)

Сушен праз

Сушениот праз на „Агромакс“ е производ кој е стопроцентно македонски производ и претставува исецкани парчиња праз кој е дехидриран и подготвен за употреба. Празот треба претходно да се потопи петнаесетина минути во врела вода по што се употребува како и свежиот. Сушениот праз е практично пакување на зеленчукот кој не ви зафаќа простор во кујната, не мириса јако, и плус е подготвен за употреба веднаш по неговот отворање. Намалувате потрошувачка на електрична енергија затоа што и не треба да го пржите додатно освен ако не го сакате тоа поради спецификата на некое јадење. Сушениот праз е пакуван во кесички по 100 грама.

Празот – го намалува крвниот притисок и го зајакнува имунитетот

Празот обилува со хранливи и лековити материи – содржи големи количества минерални материи и витамин Ц. Како и останатите видови на лук, и празот има препознатлив и специфичен мирис, а се одгледува одамна. Од сите видови на лук најблаг е по вкус, не е лут, нема силен мирис и не предизвикува солзење на очите. Освен тоа има уште една предност од останатите видови на лук: најлесно се одгледува и не е осетлив на ниски температури – може да се бере од почетокот на есента па се до крајот на пролетта. Затоа празот е важна намирница посебно во зимата, кога изборот на зеленчукот е сиромашен.

Нутритивните вредности

По нутритивниот состав сличен е на неговите роднини, но нешто повеќе содржи белковини, бета каротени и витамин Ц. Суровиот праз одличен е извор на манган, а добар е извор на железо, фолна киселина, витамин Ц и Б6. Со оглед да со варењето се намалуваат количините на витамини и минерали, варениот праз е добар извор на манган и среден извор на железо, фолна киселина и витамин Б6.

Лековитоста на празот

За разлика од кромидот и лукот, празот се употребува цел, и тоа не само како зачин, туку и како самостоен зеленчук. Обилува со хранливи и лековити материи и витамин Ц и со етерични масла со сумпор. Тие масла делуваат благотворно на дишењето и пробавните органи, бубрезите, џигерот, крвта и крвните садови. Воедно од тие масла поттикнува и мирисот на празот, кој е специфичен и на многу луѓе одбивен. Кај употребата на празот се препорачува да се користи целиот праз и белото стебло и зеленото лисје. Лисјата најчесто се избегнуваат, но содржат неколку пати повеќе танини отколку белиот дел. Овие се некои од здравствените предности
  • При зголемената штитна жлезда се препорачуваат топли облоги од варениот праз.
  • Празот помага и кај искашлувањето, ја смирува кашлицата и благотворно делува на зарипнатост, воспаление на белите дробови и астма.
  • Ја намалува зголемената количина на мочната киселина, холестеролот и маснотијата во крвта
  • Празот ја подобрува циркулацијата на крвта и помага кај артеросклерозата и воспалението на вените.
  • Го подобрува апетитот и ја поттикнува работата на системот за варење и цревата.
  • Празот поттикнува подобро да работаат бубрезите и излачувањето на урината, па помага кај болката во бубрезите и бубрежните камчиња.

адреса: АГРО МАКС ДООЕЛ Берово, ул. Маршал Тито бр.15 Берово Р. Македонија        e-mail: agromax.be@gmail.com